Уметникот Иља Кабаков почина на 89 години

30.05.2023 09:24
Уметникот Илија Кабаков почина на 89 години

На 89 годишна возраст почина украинско-американскиот уметник Иља Кабаков.

„Човекот кој го посвети сиот живот замислувајќи утопија, си замина од овој свет придружен од неговите најблиски, кратко време пред да наполни 90 години“ - извести фондацијата „Иља и Емилија Кабакови“. „Семејството ќе одржи приватен погреб, а неколку недели подоцна ќе има јавна комеморација.“

Од добронамерниците побараа да донираат за „Бродот на толеранцијата“ - колективно уметничко дело, кое беше иницирано од Кабаков со намера да промовира мир и разбирање помеѓу народите.

Кабаков е роден во 1933-та во Днепаропетровск, во тогашниот Советски Сојуз, а денес е познат како Днипро во Украина. Работел како уметник во Москва, каде што формирал Школа по концептуализам, од педесеттите до осумдесеттите години на 20 век.

Неговите (главно) инсталации се фокусираа на секојдневието во Русија и на исмевањето на советскиот начин на живот, што му донесе глобална слава.

Кабаков почнал да работи со исто така советската уметница Емилија Лекач во 1989-та година. Стапиле во брак три години подоцна, а истата година се преселиле во Њујорк.

Познати се по своето заедничко уметничко дело: покривањето на 13.500 квадратни метри од париската Grand Palais со огромната инсталација „Чудниот град“ во 2014 година.

Кабаков беше почесен член на Универзитетот за уметности во Виена, Академијата за уметности во Москва, парискиот универзитет Сорбона и Универзитетот во Берн во Швајцарија.

ОкоБоли главаВицФото