Играта на Тала Мадани

31.05.23 18:43

 

Тала Мадани е американскa современa уметница со иранско потекло која е најпозната по своите фигуративни слики, кои содржат комични и гротескни сцени. Во нив често се појавуваат средовечни ќелави крупни мажи чиј либидинален хаос предизвикува пустош во било која ситуација во која ги поставува таа. Тоа се мали катастрофи кои истовремено се забавни, нежни и страшни.

“Моите ликови си играат на начин кој е несоцијализиран. Но тоа не е обвинување туку повеќе моја сопствена игра.”

Во нејзините слики и анимации Мадани ги истражува социјалните и културните динамики на нашето време преку конфликтите меѓу различни култури, меѓу мажите и жените, рационалното и апсурдното, Западот наспроти Истокот.

 

Слични содржини

Уметност / Око
Активизам / Свет / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Технологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото