Претстави на гневни жени во уметноста

05.06.23 12:23

Во книгата „Добри и бесни: Револуционерната моќ на женскиот гнев“ Ребека Трејстер ги повикува читателите да изгуглаат име на било која од моќните жени кои се во политиката, особено оние кои ја предизвкуваат моќта на белите мажи и нивниот авторитет, па така ќе наидат на низа од фотографии на жени кои се емотивни и врескаат. „Најдобар начин да се дискредитираат овие жени е да се прикажат како непривлечни. Чинот на жената која e сигурна и го крева својот глас во нашите умови е кодиран како нешто грдо.“

Книгата на Трејстер полемизира дека женскиот гнев често бил катализатор на политички и општествени промени. Сепак, познато е дека ако жените ја изразат својата лутина тие ризикуваат да бидат претставени како хистерични, премногу емотивни, несериозни - дури и кога причината за нивната нивниот бес е сосема легитимна.

Елизабета Сирани, Тимоклеја го убива својот силувач

„Тимоклеја го убива својот силувач“ прикажува популарна приказна опишана во биографијата на Александар Велики на Плутарх. За време на инвазијата на Теба, еден капетан од војската на Александар ја силувал видната Тимоклеја. По нападот, капетанот прашува каде се скриени нејзините пари. Тимоклеја го води до нејзината градина крај бунарот; додека тој ѕирка во него, таа го турка внатре, фрлајќи камења додека не умре.

Артемизија Џентилески, Јудита го обезглавува Холоферн (околу 1620 г.)

Библиската Јудита и нејзината слугинка ја убиваат нивната жртва, асирскиот војсководец Холофернес. Маченичкиот израз на Холоферн и обилните количества крв се присутни и во претходната верзија на оваа тема на Караваџо (околу 1599) за која се смета дека била инспирација за Џентилески). Сепак, во неговата верзија Јудит наместо да изгледа одлучно, таа е отсутна, со лице што се збрчкува од гадење.

Жан-Леон Жером, Вистината излегува од бунарот за да го засрами човештвото;

Интерпретацијата на францускиот сликар Жан-Леон Жером за алегориската фигура на вистината (конкретно, афоризмот на филозофот Демокрит: „За вистината не знаеме ништо, затоа што вистината е во бунар“) се разликува од современите толкувања на повеќе начини. Наместо од вообичаеното огледало, прекрасната гола жена излегува од бунар, викајќи, со лутина на лицето и камшик во раката . Иако е гола ( референца за „голата вистина“),  изгледа подготвена да го нападне гледачот во борбен извик на цел глас.
 

Вали Експорт; Панталони за акција: генитална паника

Поексплицитното преиспитување на женското тело како оружје, а не како сексуален објект, доаѓа во форма на Action Pants: Genital Panic. Во 1968 година австриската перформанс уметница Вали Експорт влезе во кино во Минхен облечена во панталони чиј дел кај гениталиите е отстранет. Шетајќи и соочувајќи се со публиката со нејзините откриени гениталии таа се обиде да ги предизвика гледачите соочат со вистинска жена наместо пасивно да ги гледаат објективизираните слики на жените на екранот.

Бетје Саар; Ослободувањето на вујна Џемима: коктел(1973)

Коктелот што го нуди Бети Саар во ова дело од 1973 година е домашно направена запалива направа: молотов коктел направен од бокал за вино. На едната страна од бокалот е насмеаната „mammie“ (*назив од југот на Америка за мајчинските фигури) на едната страна, а на другата моќна црна тупаница. Сар ја преправа фигурата на мајката како претставник на вооружениот отпор против расизмот, жена која се ослободила себеси.

Во годините по смртта на Мартин Лутер Кинг Јуниор,Саaр почна  да ја користи уметноста за да го изрази својот гнев за распространетата дискриминација против црните заедници.
 

Пипилоти Рист; На Евер ѝ е преку глава

Жена во светкави црвени чевли чекори по улицата во „Ever is Over All“ на Пипилоти Рист. Таа весело ги крши стаклата на паркираните автомобили покрај кои поминува. Наместо да ја спречи една полицајка застанува и го поздравува нејзинот вандализам. Филмот е радосен израз за уништување на авторитетите и ослободување од нормите на женското „добро однесување“.

Во популарната култура Бијонсе го користи видеото на Пипилоти како референца во спотот за песната „Hold up“.

ОкоБоли главаВицФото