Винтиџ стрип табли: Шашардисаност

15.06.23 01:07

Попрецизниот наслов на прилогов би можел да биде: Типографијата и стрипскиот приказ на женската шашардисаност. Или: Менталното здравје и стилските средства на стрипот. Итн.

Стрипот е чудесен медиум, мошне комплексен, мошне синтетичен, како и филмот. Битни се ликовите, цртежот, текстот, ракурсите, монтажата, дизајнот (вклучувајќи ја тука и големата важност на типографијата)... Слично како во филмот.

Со време во стрипот се создаваат и своевидни конвенции или стереотипи, како што покажуваат и овие 15 табли (стари 40 до 60 години) кои ги претставуваме. Таблите, главно со емпатија и хумор, прикажуваат вознемирени или тажни жени, најчесто од љубовни причини.

Ги избравме и за да покажеме како женската психологија се прикажувала во американската поп култура (која е всушност и светска поп култура, според обемот на влијанијата, особено во стрипот и филмот). Во меѓувреме, особено после короната,психолошкото здравје стана една од најважните светски теми.

 


Извор за таблите: Comically vintage

Слични содржини

Стрип / Теорија
Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото