1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 04:59
Македонските атлетичари Агрон Хајредини и Јулијана Петровска се закитија со злато и сребро на најголемиот спортски собир за лица спортисти со интелектуална попреченост, Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада, кои се одржуваат во Берлин.
Предводени од тренерот Ифраим Љута, македонските натпреварувачи настапија во атлетската дисциплина „Скок во далечина од место“. Хајредини го освои златниот медал, додека Петровска се искачи на подиумот со среброто.
Агрон Хајредини освои златен медал откако скокна во далечина од 1,6 метри, а сега го очекува и настап на трката на 50 метри. Јулијана Петровска беше втора во женска конкуренција. Таа зема сребрен медал со резултат од 0,64 метри, додека шампионката Фарзанех Џамшиднеџад од Иран имаше подобар резултат за само 0,01 метар.
Извор: https://sportm.mk/