1027 hPa
46 %

10 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 15:59
Стаорците не се родени под зла ѕвезда (Rats Live On No Evil Star), првично палиндром, е комбиниран проект на Бернд Џестрам и Џеј Едвард Доналд. Корентин Коп е белгиски режисер и директор на фотографија кој за овие уметници создаде едно навистина специјално музичко видео целосно креирано од слики од стари стрипови собрани на интернет и анимирани, со користење на последователни (афтер) ефекти. Резултатот е еден чуден 2D анимиран свет од кој секој обожавател на ретро стрипови дефинитивно ќе биде воодушевен.
Корентин Коп живее и работи во Брисел, но има силни лични и професионални врски со Париз, Берлин и Стокхолм. Од почетокот на 2022 година, работи во компанијата Superposition.
Извор: https://www.corentinkopp.com/