ивановото детство

28.06.2023 09:33

во сеќавањето имам
даденост неспорна како зграда:
никој не ме сакаше
како ти


сепак
одредени нелогичности
ja доведуваат во прашање
сигурноста на сеќавањата


детективски гледано
нешто не се вклопува


како е можно
некој
толку брзо
да престане да сака
некого
и да го замени со друг


тоа не го очекуваш од некој
кому сцената со бакнежот
од ивановото детство
му е омилена


тишината на тарковски ечи во мене
во неговите филмови вода насекаде
пасивна, црно-бела вода


заљубливиот дечко од рускиот филм
во преголема јакна
ја повторува судбината на татко си

ги изневерува сопругата и децата


мрачниот дечко од рускиот филм
плачеше
по премиерата на
огледало
никој не го разбра


останува нерасветлено прашањето
за именувањето и постојаноста

на твоите чувства


рацете и натаму ќе ми се тресат
додека од мене не истече последната
единица нежност


затворениот дечко од рускиот филм
го преиспитува значењето на смислата
неговото име е она
што најмногу ме растажува

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото