1026 hPa
86 %
-6 °C
Скопје - Сре, 14.01.2026 02:59

Утре (29.06.2023), во Хотел Сити Парк во Скопје, Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел-дискусија на тема: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“
Панелисти на оваа дискусија се Драгана Дрндаревска (Коалиција Маргини), Кире Василев, (Дијалог – Центар за делиберативна демократија), Давид Тасевски (Скопски квир центар), Вики Младенова (докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол) и Жарко Трајаноски (раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА).
Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.
Извор: https://smk.mk/