Во намигнувањето бил спасот

09.02.2011 12:14
Во намигнувањето бил спасот

Не ги пропуштам рапортите кај Јофе. Неговиот хумор е вистинскиот одговор на бродоломот што ни го приредија „преродбениците“. Остар и прецизен скалпел за трупот кој смрди и труе и кога се распаѓа, не помалку од деновите кога ни се закануваше дека ќе владее „до смрт“. Монтажниот скалпел на Јофе ги демаскира лагите со кои нè затрупуваат, ги разголува пропагандните „дострели“ на Груевски и фамилијата, нè потсетува на завчерашните лаги покриени со вчерашните и на вчерашните, покриени со денешните лаги. Да го немаше Јофе, оловните времиња што ги живееме ќе беа уште потешки. Рапортите кај Јофе се еден од вистинските одговори кој шири здравје, така што го зголемува имунитетот на граѓаните изложени на епидемијата што ја шири вирусот на груевизмот.

Сивилото на последниот викенд го разби токму последниот рапорт на Јофе. Одамна не очекувам ништо добро од претседателот ни Ѓорге Иванов. Одамна престанав да му ги регистрирам гафовите кои се редеа и кога зборуваше и кога премолчуваше. Неговата импресионираност од фотелјата во која го седнаа престана да биде комична и стана срамна. Срамна не само за професорот кој, откако стана претседател, се откажа од секаква јавна одговорност, туку и за сите оние кои, по налог на Груевски, потрчаа да го поткрепат подемот на безличноста. Сега ги жнеат плодовите на сопственото подаништво. Но, верувам дека и тие останале подзинати по неговата изјава за намигнувањата што си ги размениле со Обама. Да не беше последниот рапорт кај Јофе, не ќе го регистрирав последниот „подвиг“ во битката за одбрана на името и идентитетот. Во сивилото на викендот обележано со продолжената агонија на медиумите од Перо Наков б.б. и со обидите на власта да нè увери дека парламент без опозиција е нормална појава, видеото со заруменетиот ни претседател ми го „обели“ денот. Во намигнувањето е спасот, ни порача професорот кој глуми претседател. Тешко на земјата, тешко на народот чиј претседател се фали дека си намигнал со претседателот на САД, со кого седеле маса до маса. Сега работите ќе тргнат на подобро, сакаше да ни каже Иванов, да ни ги ублажи маките, да нè ослободи од болките, да ни ги разведри лицата, да ни ја осветли иднината.

Ој, Господе, не дозволувај овој срам да осамне на Јутјуб! Не дозволувај пријателите да ни се чудат на умот, а непријателите да тријат раце и мајтап да играат со земјичката чија надворешна политика му намигнува на претседателот на САД, а соработува со Зимбабве, Сирија и со Боливија.

Видеото со намигнувачот-претседател не беше сè во последниот рапорт кај Јофе. Следеа извадоци од интервјуа и изјави на Груевски од кои мрзнеше здивот.

Одамна не е тајна дека лагите на премиерот немаат граници. Но, вака во низа, леснотијата со која лаже нашиот премиер, сепак, ме вџаши. Дали Груевски денес заборава што кажал вчера? Дали верува дека ние забораваме што кажал тој вчера и завчера? Или баш го заболе за тоа што му паметиме ние? Не знам за другите, но оние што ги гледаат рапортите на Јофе сега го паметат и она што другите би сакале да го заборават. Но, она што, сепак, најмногу ме вџаши беше откритието дека нашиот семоќен премиер има пасија која не заостанува зад пасијата на инквизиторите. Не само што будно следи што прават неговите поданици, особено оние кои не ги наведнале главите, туку им ги „чита“ мислите на опозиционерите, па дури им буричка и по чувствата. На пример, тој знае дека оние од Уставниот суд не можат да спијат од бремето на каењето што ги налегнало по укинувањето на неколку закони скроени според волјата на Груевски.

А за задните мисли, скришните желби и чувствата на Бранко Црвенковски Груевски „нема што не знае“. И тоа што го знае и не го знае, ни го соопштува нам. Не дека тоа што се расфрла со мислите и чувствата на неистомислениците претставува некаква новост. Не дека тоа што го прави, го прави префинето и суптилно. И не дека не го прави примитивно и провинцијално. И во основа, потценувачко за умот на граѓаните кои се и понатаму секојдневно бомбардирани со лагите и извртувањата на власта која знае што мисли опозицијата, но уште повеќе знае што треба да мисли народот. За негово добро и за добро на Република Македонија, како што папагалски мантраат „преродбениците“.

Власта би сакала народот да мисли дека А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“ не се мета на нејзината агресија. Власта би сакала народот да мисли дека нема политичка криза, иако опозицијата е надвор од Собранието. Власта би сакала народот да мисли дека живее добро и кога нема ни вода ни струја. Власта би сакала народот да аплаудира или барем да молчи. Власта би сакала да го затвори Бучковски, власта би сакала да го растури најголемиот универзитет, власта би сакала да ги замолчи тутунарите, власта би сакала уште еднаш да ги излаже ЕУ и САД, власта би сакала повеќепартиски систем со една партија!

 

Каде ќе им одат душите, ме праша една скопјанка на петочниот протест пред судот. Не мислат тие за тоа каде ќе им одат душите, одговорив, мислат каде ќе им одат парите. Парите кои беа наши пред да се преселат во нивните џебови. Сега останува да очекуваме кога претседателот Иванов ќе ни намигне. Зашто, во намигнувањето е спасот. Блажени се оние кои тоа ќе го сфатат навреме и ќе престанат да го гледаат Јофе.

Линк до рапортот на Јофе

слики: Свирачиња

„Шпиц“, 09.02.11.

Дали тоа што не можат да

Дали тоа што не можат да мрднат од својот мизерен рејтинг ги тера СДСовците да паѓаат толку ниско? Милчин кој се претставува за некаков интелектуалец му се воодушевувал на Јофе. БЦ се среќава со тутунари, социјалци, пратениците од СДС разговараат во ромски маала. Сите тие се божем загрижени божем паднати од Марс божем ситуацијава е дојдена од 2006 навака. Смешно, патетично. Го кликнав и линкот друже Милчин, не го догледав доволни ми беа првите неколку реченици. не може бре друже Милчин еден Јофе да ме мавта не сум мало дете, може на некој неписмен (инаку тоа е очигледно новата целна група на СДС од таму ќе пробаат да црпат гласови од неписмените) да му подметнува "факти" кои ги вади од ракав (од партискиот штаб на сдс). Ајде да беше смешен ќе се смеевме, ама ова е најдолен обид да се претстават некакви си факти а со цел да ја манипулира неписмената раја. Ама и таа раја има по некоја вијуга па знае кој организира протести, кој е наводно загрижен за човекови права и кој урла за некаква диктатура. Ете Јофе Милчин пардон Владимир Милчин нека каже која ДИКТАТОРСКА земја добива позитивен извештај од ЕУ(еве и нека не е позитивен ама е ист како претходните ништо драматично), покана од НАТО и кредит од ММФ? Нападни сте и ја преминувате секоја мерка во желбата да се урне демократски избраната влада, вашите написи не се критика туку разгорување омраза, создавање атмосфера после која нема дијалог туку само гола борба за власт.

Нај мизерно е спомнувањето на

Нај мизерно е спомнувањето на Бучковски во колумнава. Што е следно, акција со печатење маици „И Јас сум Бучковски“?! Веројатно да, поткрепено со соодветна група на фејсбук. И најмалку упатените во судството, од авион можат да го видат криминалот на бившиот ни премиер. Во целиот тој процес второ-обвинетиот го призна делото и пред судот изјави:„да знаев дека вакво нешто имам на маса за потпис, никогаш немаше да го потпишам“. Сидијката Дума, инаку судијка под капата на БЦ, не го признава ова признание, ниту пак доказите дека четири пати повеќе делови се набавени од реалните потребите, дека истите тие делови Буч ги стопи како старо железо неколку месеци пред да биде сменет од функција! Уништување докази, класика! Ма нема везе сето тоа! Политичарите можат да крадат колку сакаат, секогаш обидот за нивно соочување со правдата ќе биде притисок врз судот или монтиран процес. Нема проблем, ако треба и ќе го аболицираме, само затоа што е од нашата партија, само затоа!!! Конечно и само затоа што Велија и А1 се на нашата страна, ќе ги браниме до крај, со сиот правен потенцијал, со сите средства. Криминалот и онака не е битен, битно е дали си со нас! Ако си со нас, си чист, ако си против нас, тогаш си изродбеник и веројатно си криминалец од доменот на Грујо, и како таков си за у затвор. Како бе тоа, сакате сите од власта да ги пикнете во затвор, а своите не ги давате?! Вие ли сте тие нај-чесните?! Како сакате народот да ви верува и да ве гласа на избори кога отворено застанувате позади криминалот од своите редови?! Како човек да ви верува?! Никако!
Епа за среќа на вистината, народот повеќе не е со Вас, затоа ќе доживеете уште еден пораз на избори. Ќе имате време потоа да се позанимавате сами со себе. Знам ќе биде тешко да се расчисти со старите дртала во партијата, меѓу кој спаѓате и вие Милчин. Но револуција во СДСМ мора да се случи, макар и на штете на неколку високи лица во СДСМ. Тоа е јебига, мора и некоја „жртва“ да падне. Ќе се срушат суетите, панаѓурот битно ќе продолжи! Верувам дека и Јофе тогаш ќе има што да ви каже! Јофе човече...

Вук Драшковиќ скоро рече:

Вук Драшковиќ скоро рече: Влегувањето на Србија во ЕУ сигурно не е влез во рајот, но дефинитивно е излез од пеколот.
Изродбеници! Бедна војско на мафијашката фамилија! Ситно ви се брои! И притоа, да, се согласувам: следната власта (која ќе треба да не’ внесе во ЕУ) сигурно нема да биде рајска, но излегувањето од груевизмот дефинитивно е излез од пеколот.
Партиските штакори во подрум, сонце за народот!

Груевски 5 години безмилосно

Груевски 5 години безмилосно ја пљачка земјава (со своите братучеди, кумови и пошироката фамилија). Груевски драматично ја оддалечи земјата од ЕУ и НАТО. Груевски воведе тиранија (на суд е секој оној што нешто јавно прозборел против пастирот; а оние што сеуште не се дадени во реформираните судови на Маневски изложени се на најстрашни навреди од иделозите на груевизмот /читај: Латас и компанија/). И зашто тогаш би зборувале, денес, 2011 година, за страшниот Бранко и СДСМ?! Која е логиката?!

Груевски 5 години безмилосно

Груевски 5 години безмилосно ја пљачка земјава (со своите братучеди, кумови и пошироката фамилија).
- НЕ Е ТОЧНО.

Груевски драматично ја оддалечи земјата од ЕУ и НАТО.
- НЕ Е ТОЧНО.

Груевски воведе тиранија (на суд е секој оној што нешто јавно прозборел против пастирот; а оние што сеуште не се дадени во реформираните судови на Маневски изложени се на најстрашни навреди од иделозите на груевизмот /читај: Латас и компанија/).
- НЕ Е ТОЧНО.

И зашто тогаш би зборувале, денес, 2011 година, за страшниот Бранко и СДСМ?! Која е логиката?!
- ЗАТОА ШТО ЛЕКОТ ЗА СЕКОЈА ВЛАСТ Е ДОБРА ОПОЗИЦИЈА, А страшниот Бранко истата ја УНИШТУВА.

Логиката ти е... Спок да го фати срчка!

Пастирот девет години е на

Пастирот девет години е на власт. Четири години со Љубчота хараше низ македонските финансии (Телеком, Окта, НПМ итн.). Пет години е апсолутен господар на се’ живо&диво во МК. Малку ли е?! Уште ли треба?!

 Да, а ти пукни од мука

 Да, а ти пукни од мука

„Изродбеници!“ „Бедна војско

„Изродбеници!“ „Бедна војско на мафијашката фамилија!“ „Партиските штакори во подрум, сонце за народот!“

Еден вулгарен, необразован и невоспитан кретеноид, нема да може да ја одалечи дискусијата од правиот пат. Игнорирајте ја оваа кутра, самобендисана милчинова креатура. Он и онака мора да го брани својот спонзор. Исто како Јофе, што е нормално нели!

Се извинувам, батка, што

Се извинувам, батка, што соопштуваш?! Дека вистинската насока на дијалогот во Македонија 2011, после 5 стравични години, е да разговараме како владееле лицето БЦ 92-98?!
Второ, зарем навистина сме толку дрски вулгарни во критиките кон пресветлиот пастир?! Кој ја смисли таа сулуда нихилистичка матрица дека се’ е ужасно освен мене самиот?! Зарем не беше тоа пастирот?! Зарем пастирот било кога за било кого кој дури и во најмала мера не мислел како него - имал милост?! Имал воздржување и деликатност?! Од сите пастирски орудија (судови, затвори, јавен линч, закани, сеење страв!) секој оној што не мислел со груевизмот изминативе пет години бил напаѓан! Предавници, платеници, соросоиди, неверници, „збирштини од геј и атеисти“... И сеа, на крају баладе, треба да имаме милост за човекот што цела политичка кариера изгради на ширење омраза и неконтролирано произведување непријатели?! Треба да кажеме умерено и балансирано: Грујо е малку добар малку лош?! Како што тој зборуваше изминативе пет години?!

Абе кога може БЦ, Бучко и

Абе кога може БЦ, Бучко и Заев, зошто не би можел Грујо?! Таква констатација се добива по вашиот начин на размилсување. Да понудевте некој чесен, пеки, ќе речевме стварно човече, соросоидиве се во право. Но вие не нудите решение за проблемите, вие старите проблеми сакате да ги аболицирате, бидејки се ваши, а оние другите ќе ги бесиме! Докажаниот криминал го браните, викаш треба да го заборавиме и БЦ, и Бучко и Заев и Велија, и се што било до вчера, треба да се занимаваме со овој на вмровците од последниве 5 години?! Нема логика бе логичар. Нека одговараат сите, ама по ред, и со докази, а не по колумни во шпиц!!!

Добро бе до кога со овие

Добро бе до кога со овие фрази - безмилосно пљачкање, изродба. Патетика! Дај кажете нешто конкретно што е тоа опљачкано направете споредба со времето на вашиот миленик БЦ. Точно е дека владава е далеку од идеална можеби треба да дојде и друга не знам но понудете решение кажете излез. Ако излезот е Бранкова СДС тоа нема никогаш да ви се исполни. А како што гледаме најгласни во ова создавање хистерија за некаков ненароден режим, за пљачки се најголемите поддржувачи на криминалот на БЦ. Неискрени сте и прочитани, позади вашата наводна загриженост за народот стои желба за враќање на старите времиња тендери во четири очи, бркање врски во судство, партиски вработувања, одмазда. Опозициски пци прегладнети за коска/фотелја.

Македонија намерно

Македонија намерно “заборавена“ во Брисел > http://bit.ly/gHyScP

За A1, Тања Милевска...

За A1, Тања Милевска... Поарно уопште ни во уста да не не става, јбг. Потенденциозно и понеизлабалансирано известуање, здравје. :/

Добрите луѓе на народот,

Добрите луѓе на народот, груевистите, од премногу љубов, грижа, одговорност итн. не им даваат на „опозициските пци прегладнети за коска/фотеља“ да се доберат до власт?! Каква приказна, а?! Не му е на Грујо до коските&фотељите (и на сите негови мизерни слуги, купени, корумпирани, уценети), туку му е народот да не страда од уште поголемите душмани?! Абе, изродбеници... Јавете се таму во штабот, нек ви даат нови пропагандни матрици... Ова што го зборите е чист идиотизам. „Лоши сме, да, крадеме итн., но народот многу ќе страда ако дое лицето БЦ.“ Во тоа ли е целата пропаганда?! Во тоа ли се сите оние чудесни преродбенички успеси, во сто и во иљада чекори?! Кај испари сето тоа?! Остана само страшниот волк БЦ?! Јад, беда и фарса - како завршува груевизмот.

Наскоро, шугави изродбеници

Наскоро, шугави изродбеници од подрумите, дури и лицето БЦ нема да ви изгледа толку страшно! Како што ги напуштивте сите пропагандни упоришта на изродбата (Грујо народен цар, партијата со народот, не дааме име, грчки предавници, соросоиди, платеници, само Грујо јак, Михајло суди Гоца апси Латас размишља итн.), денес-утре дури и Бране може ќе стане океј, а?! Ако му речат Америве на пастирот?! Смирете се таму да не доеме да ви ги истегнеме ушите?!
После овој петгодишен ужас, верујте, изродбеници, најшугавата влада на СДСМ и новите/старите крлежи ќе изглеа ко кралски пат кон светлината!

Ако се врати Бранко, а може

Ако се врати Бранко, а може да се врати само насилно, ќе играат зољи, будало, не се губи у простор...

Ако прифатиме дека пред се’

Ако прифатиме дека пред се’ во морална смисла е неприфатливо лицето БЦ да ја „опоравува“ земјава, тогаш во најмала рака шут у гз од политиката за вјеки вјеков треба да му се дае и на лицето Никола Груевски. Оној што го има гревот само со Телеком, Окта и НПМ (да не збориме за хоророт последниве 5 години) заслужува, во најмала рака, зандана, а не запењавено бранење од подрумски штакори.
Само за СК 014 и за тричавите досега потрошени 214 милиони евра, кога би имало некаква правда, фамилијата треба да помине барем 214 години затвор!
Бранко понуди фер опција: си заминува он од политиката, но под услов да замине и Златниот-Црниот... Тоа е голем гест од еден, еве да речеме, надминат и пропаднат политичар!

Бранко, кога и да отворел

Бранко, кога и да отворел уста, излажал. Не гледам причина зошто не би лажел и сега, и зошто воопшто да му веруваме? Он бил фер, леле мори мајко:) Башка не е само Бранко, таму има еден аболициран кој што се закани ќе јадел се живо и диво, и еден осуден на 3,5 години. Нема логика логичару!

Фер опција? Фер опција може

Фер опција? Фер опција може да понуди некој што ќе изгуби би барем исто онолку како и другиот. Вака, Црвенковски, со двојно помал рејтинг нуди само забава за масите (да има што да се збори после третата чашка ракија).

Освен Манасиевски, Петров и Гордан Георгиев не гледам од опзоцијата личност со доволно интегритет да дојде на власт и да тргнеме напред.

Бранко требаше да се повлече

Бранко требаше да се повлече кога се повлече Љубчо Георгиевски, така да приказните на искубаниот мачор БЦ не проаѓаат. Башка кој ќе го замени, која фаца искривена од СДС? Макрадули? Шема? Минчев? Георгиев? Бучко? Заев? Гелевски или Милчин? Кај се собраа све такви да ги бараш една недела низ град нема да ги најдеш. А логичару или подобро речено Коља, знаеме дека БЦ и компанија ти личат на кралеви но за среќа малку се тие на кои бранко им личи на таков. Тој е безидеен симбол на лошата транзиција која сам ја водеше, нема никогаш да се повтори БЦ да биде претседател или премиер (иако си ги мењаше позициите благодарение пред се на спиновите кои ги правеа луѓе као Коља Милчин и комапнија кои не убедуваа дека БЦ е кралот, царот а Киро стариот лисец, сега не успеваат триковите на старите пци).

БЦликс, ти си токму пример за

БЦликс, ти си токму пример за најпогубната изродбеничка логика што ја раздроби земјава и ги раскара луѓето овие пет години. Повторувам: секој што макар малку дигнал глава изминативе пет години - бил жестоко попљуван од изродбата, зашто за време на изродбата крената глава може да има само груевистот (т.е. изродбеникот). И сега, откоа сето што дигнало глава е една иста одвратна предавничка каша (соросоиди, СДСМ, педери, ЕУ платеници, амерички шпиуни, лезбејки, борци за човечки права итн.) ти, Бцликс (според филозофијата: сам си падна сам си стана, кадија тужи кадија суди) викаш, јебига жао ми је, али у земјава нема друго луѓе освен груевистите!? Јебеш Окно Плоштад Слобода, ГЕМ, тутунари мутунари, медиуми, партии итн. - се’ е тоа гол предавник?! Каква брилијантна логика, а?! Утре Мијалков да излезе од сопственото мафијашко дувло, и него ќе го прогласите за предавник и платеник... Низ историјата тој филм е гледан миљон пат и се вика: тоталитаризам и параноја. Лицето БЦ фино ви рече: крајот на вашето лудило ќе биде цела Македонија обединета против груевизмот! Како тргнале работиве (баш и сјајниот Јофе со тоа се заебаваше) и Грујо себеси ќе се прогласи, пред самиот фајронт, за инсталација на БЦ и ради тоа ќе му се извини на македонскиот народ... Скроз забегавте, БЦликс, ко во најмрачните деспотии, изгубивѕе контакт со реалноста, со луѓето... САмо пропаганда, спинови, халуцинации, очајничка страст да се остане ден повеќе на власт, да се украдат пари за уште еден ден - ко што пишува и Милчин во колумната...

Абе логичар, вчера се одмрзна

Абе логичар, вчера се одмрзна сметката на вашата телевизија,(после невиден притисок врз судството), денес истата е празна, дали знаеш ти можеби зошто летнаа сите пари во странство?

А Фокус, кој го ремети Фокус?

А Фокус, кој го ремети Фокус? :)

Секој што мрднал малку глава?

Секој што мрднал малку глава? Што треба тоа да значи? Другите се со наведнати глави а хероите опозициски мрдаат со главите? Јас се согласувам со говори исполнети со факти, а рекла-казала на пазарџии оставете или ОКНО станува второ зелено пазарче? Не сум против протести, но сум против изнасилени протести против создавање мрачна атмосфера која постои само во главите на БЦ и неговите инсталации (баш тие што ги спомна ГЕМ - Сорос, ОКНО, Плоштад слобода, тутунари (предводени претежно од претседатели на општински организации на СДС (1000 души пред собрание а има најмалку 20 пати повеќе тутунари во државата)) и тн. истите фаци истите инсталации кружат насекаде. Еве ти го колумњаров Милчин беше со т.н. плоштад слобода (предводен од првиот братучед на Радмила шеќеринска), па после протестираше за споменикот на Мисирков коа го преместуваа 5 метра у лево, беше на митингот на СДС, беше на А1, беше пред суд да свирка, е не знам дали беше и со тутунарите не го приметив ама сигурно бил тука у близина у Џино или негде...И ти ми збориш за спинови, за креирање атмосфера? Па со враќањето на БЦ во сдс се потсетивме на оние луди времиња бранкови од 94 до 98 период кога се удираа темелите на државата а плодовите од тоа ги гледаме денес, и сега истиот БЦ ги ангажира истите луѓе за да се добере на власт со исти комуњарско-удбашки методи на креирање страв, несигурност, двојба се со цел да се појави тој повторно по 2142353 пат како спасител на МакедоЊа (Северна или било каква што би рекол Заев). Епа мало морген, тебе може колку сака БЦ фино да ти изглеа ама на народот не му се допаѓа и тоа ти е. Сега се повикувате на народот, а до завчера викавте кој народ - зомби, овци, изманипулирани а утре ако се смени рејтингот барем малце од вашите бедни 10% ќе викате браво се свестија им се отворија очите видоа дека бранко е спасот. Мизерно, мизерно.

P.S. не ми е јасно како може

P.S. не ми е јасно како може еден типичен примерок на изрод да користи термин ИЗРОДБА? Цареви сте со терминиве кај ги смишљате ептен сте смешни изглеа со Јофе ги склопувате а?

Makedonecot od Mars

Makedonecot od Mars padnat,
Grujo bara uste eden mandat,
Zemja na nevideni cuda,
Koj se buni mrsi muda.

Koce stedi zatoa sto trosi,
Mu zavidat platenici na Sorosi,
Ke se vozi vo Mecka klasa S,
a nabavkata e napravena po PS.

Sloboda narodna, milina edna,
Koja televizija slusa, nema da e bedna,
Taa sto se drzne da kleveti i laze,
Kaj istrazen sudija ke ima sto da kaze.

Mubarak, Ben Ali, Mugabe, Morales,
Prijateli mili, site iber ales,
Latas, Milenko, Mirka i Janko,
Im veruvam, gi sakam, im davam verba blanko.

Ace Nas skoro od Solun ke se gleda,
Jorgo da pukne, Grujo da go sledat,
Vo Turcija bratska ni velat tamam,
Koj e umen si sepoti aman zaman!

Седи петка бране!

Седи петка бране!

Свирачиња, ве сакам.

Свирачиња, ве сакам.

 И јас сум а1 и јас вршев

 И јас сум а1 и јас вршев притисок врз судството . . . И мене ме имаше на тв како давав аплаус на говорот на БЦ и сите мирно го слушавме без никакво дофрлање и прекинување на говорот, што не беше случај кога беше ПРЕМИЕРОТ кој неможеше да се доискаже од новинарите на а1 на кои не им е рамен ни Васко Ефтов  . . . Нека не ве лажат дека осетивме студ во коски благодарение на печурките ние се чувствувавме фантастично и доследно ја рекламиравме ВЛАДАТА на РМ . И понатаму ќе вршиме притисок сепак секој од нас е З.Заев, а1 а од утре и јас сум В.Бучковски 

Кутри СДС, таман ке пркнат 2%

Кутри СДС, таман ке пркнат 2% у рејтинзи, Заев ќе каже нешто и отидоа доле 4%. Да не беше сељачето струмичко, последниве месеци ќе се израмнеа со ВМРО. Дури и со Бранко на чело...Ех да беа паметни, ко Јофе на пример :)

Preodba vo 100

Preodba vo 100 cekori.
Znaenjeto e sila, ministerot e nok.
Ti bese Makedonija.
Rastovaruvame!
Ne go davame vimeto!

Ти Јофе ќе да си...

Ти Јофе ќе да си...

Или Јофе или Милчин.

Или Јофе или Милчин.

Дури и намигнувањето е

Дури и намигнувањето е смислена именка на БЦ.
Шетај Бранко!
youtube.com/watch?v=ttdczVMbxNU

Sekoja cest za tekstov

Sekoja cest za tekstov :)))
Se e tocno , i veruvam deka sto pobrzo ce izlezeme od ova bunilo ....
Always look on the bright side of life :)))

Приметувам една симптоматична

Приметувам една симптоматична колизија во ДПМНевската логика. Во исто време БЦ е истрошен, компромитиран, со бетониран рејтинг, најпосакуван противник за Груевски итн. а, сепак постојано се напаѓа, се сугерира да биде сменет во СДСМ со некој поперспективен лидер?! ДПМНЕ не е партија. Тоа е за жал дијагноза.

под негова контрола се 9% од

под негова контрола се 9% од гласачите (за жал не е мала бројката), уставниот суд и уште некои структури низ институциите. Ете затоа се напаѓа БЦ ако не ти е јасно. Таа личност е жива штеточина.

Најчудно кај ова ендемско

Најчудно кај ова ендемско заболување е тоа што од него најмногу страдаат единките кои не се заразени.

А бе луѓе, ај една препорака

А бе луѓе, ај една препорака до сите што расправате околу Грујо и Бранко и кој од нив каков бил и кој бил полош. Ај вратете се малку во минатото, не 92-98 и 98-02, туку многу поскоро, потсетете се малку каква соработка, да не речам љубов имаше меѓу двајцава до пред некоја година, нит се напаѓаа нит се мразеа, напротив, чиста сметка- долга љубов, ја тебе прецедник, ти мене премиер и Македонија у гомна и волците сити. Е сеа, едниот, Грујо, проба скроз да го заебе другиов, ама овој не се дава и ние се ќе си ја лупаме кој бил полош. Ако БЦ стварно се повлече на денот кога ќе се распишат изборите, ама буквално да исчезне, има надеж, оти тогаш ќе мора и Грујо или да си оди, или скроз да смени матрица, што би било многу тешко, а ако не се деси такво нешто бадијала се замараме.

Jofe e totalno netalentirano

Jofe e totalno netalentirano dete za satiricno-humoristicno cepanje po televizii, a bogami i po vesnici. #fail

No koga nema drugo dete dobar e i ovoj soborec.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото