1021 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 16:59
Необичните порцеланските фигури на уметникот Виајпу Сривиласа се декорирани со цвеќиња со златна сјајна глазура и кобалт, мали портрети на митски суштества, со пердуви и полка точки и различни геометриски мотиви кои го слават изобилството, но и радоста преку раскошните детали.
Овие скулптури се чудесни, но и деликатни бидејќи ја спојуваат човечката анатомија со флората и фауната, истражувајќи ги „различните начини на кои љубовта се обликува“.
Сривиласа, кој е роден и израснат во Тајланд, а сега живее во Мелбурн често истражува како овие две култури се преклопуваат и се разминуваат и што значи да се заземе просторот помеѓу. Повеќето фигури во оваа неодамнешна менажерија држат два кренати прста, гест кој има многу различни значења во зависност од локацијата и контекстот.
Зад овие забавни, шарени и чудни креации, уметникот вешто инкорпорира културни, еколошки и политички теми кои го интересираат. Неговите скулптури се совршен спој помеѓу Истокот и Западот и станале негова специјалност.
Евоцирајќи ги божествените и меѓусебно поврзани сили, колекцијата, исто така, упатува на неземните карактеристики на божествата, обилниот раст и задоволството добиено преку едноставноста.
„Како разновидна низа цвеќиња, љубовта проникнува во различните видови врски, опфаќајќи ги пријателствата, семејните врски и длабоката врска со природата“, споделува уметникот. „Овие релации, како живописни ливчиња во раскошна градина, нè потсетуваат дека љубовта не познава граници или ограничувања“.
Извор: https://www.thisiscolossal.com/