Првите чекори на бегалецот

03.07.2023 11:43

Јас ја оставив надежта покрај механизмот на часовниците
Кога секирата ја пресечува последната минута
Постоеше еден голем народен конкурс за тоа важно погубување
Децата искачени на рамена
Правеа со рацете знаци на радост и на страв
Во една друга улица на морскиот брег
Земјата се вртеше во песната на морето
Една девојка пееше нешто здодевно
И покажуваше малку од својата кожа поблага од животот
Сите наоколу се здодеваа
Избеганите коњи по лифтовите
Се смееја како човечки суштества
Тоа беше една земја на рани во која дуваа ветрови сотирачи
Дрвјата се кршеа во рацете на луѓето
Како обични кибрити
Толку растроеноста беше општа
Луѓето излегуваа од своите куќи не можејќи да издржат повеќе
Како можете да ги облечете своите облеки од вчера
Ставете ги вашите пијана на тротоар во исчекување на дождот
Зарем не би било прекрасно да се умре еден ден каков што е овој
Градот во кој сте живееле се оддалечува
Сосема намален во споменот
Дајте ми го двогледот да ги погледнам за последен пат
Здолништата што се сушат на прозорците
Рај сѐ е растурено Ова е час
Кога повеќе никој не може да го рече името на оној што го допира
Сѐ до мирисот на вечерта кој конечно ми е туѓ
Како хартија со мирислив чад
Или една нова песна која веќе сите ја знаат
Ништо не ме врзува за ова место дури ни иднината
Не е родена гранатата која би можела да ме задржи
Колку небото е мало на крајот од денот
Неговите хоризонти се лажни неговите врати проколнати
Месечината верува навистина дека кучињата ќе ја гризнат
Јас ги бркам ѕвездите со рака
Ноќни мушички не паѓајте на моето срце
Вие можете секогаш да ми викнете Мирно
Капетани на навиката и на ноќта
Јас бегам на неодредено време под шапката на бесконечноста
Нека не бидам чекан никогаш на моите лажливи состаноци

Препев: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото