1029 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Нед, 19.01.2025 20:59
Неодамна во едицијата „Старо купувам“ на Темплум излезе малата антологија ПЕСНИ ЗА ДРВЈА. Акварелите на Симонида Филипова - Китановска ги илустрираат песните на: Славко Јаневски, Ива Дамјановски, Владимир Мартиновски, Стојан Тарапуза, Олга Арбулјевска, Зоран Анчевски, Рајко Јовчески, Влада Урошевиќ, Николина Андова Шопова, Видое Подгорец, Пандалф Вулкански, Јован Стрезовски, Евгенија Шуплинова, Матеја Матевски, Анте Поповски, Димитар Башевски, Ацо Шопов, Петар Т. Бошковски, Србо Ивановски, Весна Ацевска, Санде Стојчевски, Цане Андреевски и Блаже Конески.
Застапени се, значи, 23 песни од исто толку автор(к)и.
Изборот го направи Никола Гелевски, а графичкиот дизајн - студиото Кома.
На видеото ликовната уметница Симонида Филипова - Китановска во својот двор во Козле прави подготовки за малата приватна изложба на акварелите застапени во книгата.