1013 hPa
23 %
35 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 15:59
бев принесена жртва
чисто лутање
волчица во шумите
во ноќта на телата
Напуштената клада го убива сопственото светло.
Заљубената птица ја возвишува песната.
Толку волеви суштества во мојата тишина
и ситниов дожд што ме следи.
Дела и ноќи
да ѝ дозволам на жедта да ми биде амблем
да стои за единствениот сон
никогаш веќе со љубов да не се храни
бев принесена жртва
чисто лутање
волчица во шумите
во ноќта на телата
невин збор да се изговори.
Превод: П. В.