Винтиџ велосипедски плакати

03.08.23 12:13

Кога сме зафатени со некоја работа која бара да останеме дома или во канцеларија, мечтаеме за отворени пејзажи и активности. Копнеејќи по слободата и леснотијата на движењето со велосипед, наидуваме на брилијантната колекција стари велосипедски плакати на Ричард Кулман.

„Американски велосипедизам на полумесечина“ од Фредерик Винтроп Рамсдел. Околу 1899 година, Франција.

Кулман е колекционер на плакати речиси триесет години, кој почнал да продава репродукции на неговата веб-страница „Bicycling Art“ во 2001 година, по што, неколку години подоцна неговата огромна колекција почнува да вклучува и оригинали.

„Алкион“, анонимен автор. Околу 1927 година, Франција.

„Има многу причини зошто сум фасциниран од овие плакати. Прво, поради самиот чин на возење велосипед, нивната уметничка вредност, пораката која ја носат, уметниците кои ги изработиле и големината и величественоста на оригиналите“, пишува Кулман.

„Томан“, анонимен автор. Околу 1920 година, Франција.

„Јас сум страствен велосипедист и ова мое хоби оди рака под рака со мојата љубов кон велосипедизмот. Ја сакам уметноста и начинот на кој пораката која ја носат овие винтиџ плакати била портретирана во тоа златно доба на уметноста на плакатот“.

„Aмерикански риболовен велосипедизам“ од Еуген Оге. Околу 1901 година, Франција.

Кулман додава дека причината зошто толку многу жени се појавуваат во рекламите од тоа време е затоа што велосипедот ја симболизира слободата на мобилност без да се потпира на превозот кој го обезбедува сопружникот.

„Автомото“ од Ертон. Околу 1926 година, Франција.

„Друг малку познат факт е дека и производителите на велосипеди и земјоделците тогаш биле усогласени и заеднички се залагале за промоција на подобри патишта. Велосипедистите да можат што повеќе да уживаат во возењето, а земјоделците да ги носат своите производи на пазарот, на еден лесен и практичен начин“.

„Андре Бертин“, анонимен автор. Околу 1970, Франција.

Колекцијата на оригинали на Кулман е земја на чудата во областа на дизајнот.

Во продолжение претставени се плакати кои опфаќаат повеќе од еден век и сѐ уште успеваат да нè одржат во среќно сонување за слободата на отворениот пат, но и да нѐ поттикнуваат секогаш одново да ѝ се враќаме на оваа активност која ослободува и динамизира.

„Грифон“ од Жорж Фавр. Околу 1926 година, Франција.

„Џорџ Ричард“ од Х. Греј. Околу 1896 година, Франција.

„Гије Фрер“ од Е. Куршино. Околу 1920-та, Франција.

„Грифон“, анонимен автор. Околу 1938 година, Франција.

„Метеори“ од Жорж Фавр. Околу 1930 година, Франција.

„Дијамант“, анонимен автор. Околу 1930-та, Југославија.

„Велосипеди и мотори на Фавор“ од Л. Мети. Околу 1938 година, Франција.

„Златната земја“ од Л. Лемарескје. Околу 1890-та, Франција.

Супермоќниот Хатчинсон“ од Mих. Околу 1950-та година, Франција.

„Ларош и Пушоа“ од Мих. Околу 1920-тa, Франција.

„Велосипедистот Дикси“, анонимен автор. Околу 1920-та година, Франција.

„Пежо“ од Тор. Околу 1900 година, Франција.

„Велосипедските тренери“ (филм), анонимен автор. Околу 1964 година, Унгарија.

„Фредериксунд“, недешифриран потпис во горниот лев агол. Околу 1950-та, Данска.

„Италијанска тура“, анонимен автор. Околу 2002 година, Италија.

Извор: https://www.printmag.com/

ОкоБоли главаВицФото