1026 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 19:59
Во градот Лиџбарк Вармински, во Полска, дизајнирани се оригинални велосипедски и пешачки патеки од страна на лабораторијата TPA, со цел да се осигура безбедноста на луѓето, без разлика дали се работи за велосипедисти или пешаци.
Овие фосфоресцентни патеки можат да се полнат благодарение на сончевите зраци и овозможуваат безбедни прошетки и возење велосипед со осветлен простор 24 часа на ден.
Сместена меѓу руралните села оваа футуристичката патека изгледа како да е излезена од научно-фантастичен филм. Но, во реалноста, тоа е всушност функционална велосипедска и пешачка патека што свети во темнина.
Магијата на оваа оригинална патека лежи во искористувањето на моќта на фосфоресцентната светлина (на истиот начин на кој што се користат боите за сликање што светат во темнина) и функционира целосно на соларна енергија.
Патеката се полни во текот на денот и дава сино светло штом ќе зајде сонцето. Амбиенталното осветлување ја прави областа побезбедна за велосипедистите и пешаците кои патуваат ноќе. Да не зборуваме за тоа дека претставува визуелно впечатлив додаток на пејзажот.
Дизајнот е создаден како алтернатива на уличните светилки и се тестира неговата издржливост за да се види дали концептот е доволно моќен за да се прошири во Полска и пошироко.
Извор: https://www.fubiz.net/