1020 hPa
87 %
3 °C
Скопје - Вто, 21.01.2025 19:59
Кога станува збор за повеќеслојните мурали на Синта Видал, сѐ зависи од перцепцијата. Уметницата од Барселона е позната по проекти кои ѝ пркосат на гравитацијата, кои манипулираат со архитектурата и секојдневните објекти за да создадат превртени средини, различни од секојдневниот живот.
Како и нејзините превртени дела од помал обем, муралите на Видал се занимаваат со човечката субјективност и прикажуваат необично уредена архитектура и предмети како книги, столици, па дури и кану што лебди низ воздухот. Тие покриваат ѕидови низ Лос Анџелес, Хонг Конг и Барселона, и низ многу други градови низ светот.
Додека некои дела се фокусираат на архитектонски детали како што се краевите на фронтонот кои излегуваат под неочекувани агли или кога се групирани заедно во пропорции кои изненадуваат, други дела ги нагласуваат односите меѓу луѓето и нивните интеракции во просторот или едни со други додека се движат во нивната околина која се менува.
Без разлика дали станува збор за млада девојка која седи на предимензиониран глобус или маж кој гледа преку балкон кој е наведнат под агол од 90 степени, делата го истражуваат начинот на кој перспективите се одредуваат од позицијата на субјектот.
„Секој има свој поглед на свет, а мојата работа е мојот начин да ја изразам оваа идеја: невозможно е да се гледа нешто од секоја перспектива во исто време. Секогаш има избор, одредена перцепција. Во мојата работа, исто така, лежи желбата да ги извадам работите од контекст, да ги ослободам во воздухот и со тоа да им дадам нова вредност”.
Уметницата додава и дека откако ќе избере локација за сликање мурал, таа ја проучува областа во близина. Ја истражува историјата и културата на една област и зградите што го опкружуваат ѕидот каде што планира да работи. Видал има намера секој проект да стане дел од постоечката средина, честопати поттикнувајќи да ја користи веќе постоечката боја на површината на зградата како позадина.
„Сликањето мурал значи интеракција со ѕидот и сè што го опкружува“, пишува таа. Нејзините карактеристично виснати структури, предмети за домаќинството и геометриски форми фрлаат сенки и изгледаат како да пловат низ композиции кои тематски се поврзуваат со соседството или некои специјални настани.
„Сите мои мурали си играат со околината, рефлектирајќи и почитувајќи ја естетиката и културата што ги опкружува“, вели Витал. „Секогаш истражувам, го проучувам контекстот на ѕидот и сликам детална скица пред да почнам да сликам“.
Извор: https://www.thisiscolossal.com