1010 hPa
82 %
11 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 09:59

Во соработка со Арт Бригада и познати DJ имиња и музички педагози ова лето на младите во Скопје „Бруталиск“ им
нуди прилика низ забава да учат за клабингот и DJ-ите, да користат DJ опрема и софтвер и да научат да изведуваат и продуцираат електронска музика и hip-hop!
Школата за диџејство има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми.
Конципирана е во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14:00 до 17:00 часот секој работен ден. Една работна средба трае три саати со предвивена една пауза од 30 минути.
Часот е организиран така што освен теоретското предавање на содржините предвидени во курикулумот, предвидува и практично работење и вежбање на добиените знаења и вештини поврзани со диџејството.
На крајот од школата на 01.09.2023 ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск каде учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.
Регистрации и прашања во инбокс кај Бруталиск или на radiograd.sk@gmail.com. Побрзајте! Бројот на местата е ограничен на 15! First come - first served!