1021 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 20:59
Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, во Соединетите држави бројот на луѓето кои минатата година извршиле самоубиство е поголем отколку во која било друга година.
Минатата година најмалку 49.449 животи биле изгубени поради намерно самоповредување, што е речиси 15 смртни случаи на секои 100.000 луѓе.
Стапката на самоубиства скокна во 2021 година, поништувајќи го падот од две години. И со континуираното зголемувања во 2022 година, надминат е претходниот рекорд поставен во 2018 година.
Минатогодишната стапка на самоубиства е за пет проценти повисока од претходниот рекорден максимум од 2018 година и претставува скок од десет отсто во текот на две години.
„Постојат многу работи кои можат да се направат и мислам дека се случува дестигматизација на проблемите со менталното здравје, јавување на свесност дека многу луѓе се наоѓаат во опасност. Не секој што ќе изврши самоубиство има проблем со менталното здравје. Може да има повеќе фактори кои водат до тоа“ – вели Д-р Дебра Хури, главен медицински службеник на CDC, во епизодата SiriusKSM на „Докторски радио извештаи“, емитувана на 10-ти август.
Самоубиството се искачи на 11-то место како главна причина за смрт во 2021 година, а привремените податоци за 2022 година го покажуваат истото. На листата доаѓа веднаш под хроничните болести на црниот дроб и над грипот и пневмонијата.
Огненото оружје е исклучено во повеќе од половина од сите самоубиства во 2022 година, покажуваат привремените податоци.
Во еден засебен извештај, кој е објавен во јуни од страна на Центарот за насилство на Џон Хопкинс, откриено е дека самоубиствата поврзани со оружје биле движечки фактор кој стои зад неодамнешниот пораст на вкупната стапка на самоубиства.
Стапката на самоубиства кои вклучуваат оружје се зголемила за десет отсто помеѓу 2019 и 2021 година, но стапката на самоубиства кои не вклучуваат оружје всушност паднала за осум отсто во истиот временски период.
Линија 988
Минатиот месец е одбележа првата годишнина од воведувањето на директната линија за убиства и кризи 988, како премин од Националната линија за спречување самоубиства, на поедноставен, трицифрен код за бирање, 988, кој би требало да биде полесен за паметење, како што е 911 за итна медицинска помош.
Според податоците на американското Министерство за здравство, во годината на нејзиното воведување, на линијата се остварени речиси пет милиони повици, текстови и пораки на мрежата за разговор. Околу петтина од тие контакти биле поврзани со боречката кризна линија до која припадниците на војската, ветераните и нивните семејства можат да стигнат со повикување на 988 и притискање на бројот 1.
Сепак, повеќето возрасни лица во САД не знаат дека можат да се јават, да испратат СМС порака или да разговараат онлајн на мрежата на линијата 988 за да стигнат до лиценцирани советници обучени да реагираат во кризни ситуации, да пружат емоционална поддршка или да ги поврзат со дополнителни ресурси за ментално здравје.
Според анкетата објавена од Националната алијанса за ментални болести минатиот месец, повеќе од 80 отсто од возрасните не биле запознаени или никогаш не слушнале за 988, директната линија за самоубиства и кризи.
Секој од нас може да помогне
Според истражувањето спроведено минатата есен од страна на Си-Ен-Ен во партнерство со Фондацијата на семејството Кајзер, девет од 10 возрасни во САД сметаат дека земјата доживува ментална здравствена криза.
Повеќе од еден, од пет возрасни лица, го опишале своето ментално здравје како „прилично добро“ или „лошо“ и изјавиле дека често или секогаш биле депресивни или осамени во текот на изминатата година. Меѓу нив имало исклучително висок процент на оние помлади од 30 години, возрасни кои се идентификуваат како ЛГБТ и оние со годишен приход помал од 40.000 долари.
Третина од сите возрасни изјавиле дека се чувствувале анксиозно секогаш или често во изминатата година, вклучително и повеќе од половина ЛГБТ возрасни и оние под 30 години.
„Има работи што секој може да ги направи за да им помогне на луѓето кои се борат", вели д-р Хури.
„Прашувањето и разговарањето за проблемот на самоубиството е навистина важно. Ако некој вели дека размислува за самоубиство, помогнете му да се заштити. Ако имате лекови или огнено оружје во куќата, проверете дали се обезбедени. Ако разговарате со некого, а тој ви открие дека е депресивен или под стрес, морате да бидете тука за него“, заклучува д-р Хури.
Извор: https://www.vreme.com