1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 20:59
Денес (14-ти август), со почеток oд 21 часот, во Ла Кања бар ќе се одржи концерт на албанско-македонскиот состав Blla Blla Blla.
Формирани во 1988 година во време на политички пресврти, конфликти и напори за создавање нови граници, членовите на Blla Blla Blla ја формираа својата креативна основа на темелите на уметничкиот активизам и отпорот кон нездравата животна средина.
Нивната музика е е мешавина од рок ритми, со виолина како главен инструмент и експресивен, силен вокал. Бендот има уникатно сценско шоу кое совршено се вклопува со нивната музика.
Бендот досега има издадено пет албуми и тоа – Underground Macedonia split with No Name Nation (2000), албум што опфаќа песни снимени во 1990 година, потоа Oversky Ballkanishe Re-form (2005), Lamtumirë (2011) и Brum për medioferr (2017).
Blla Blla Blla се: Идриз Амети (вокал), Кренар Исмаили (виолина, вокал), Влатко Јаневски (бас), Димитар Петров (тапани).