Друга приказна #8: втор ден (фотографии)

04.09.23 12:37

 

 

Пренесуваме фотографии од вториот ден на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалската програма на 2 септември (сабота) започна со промоција на списанието Маргина #95, за кое зборуваше уредникот на фестивалот, Никола Гелевски.

Во продолжение следуваше промоција на сликовницата Седум конци на сонцето на писателката Драгана Младеновиќ од Белград (добитничка на наградата на конкурсот за најдобра сликовница за попреченост) и македонската илустраторка Инес Георгиевска. Промоцијата се одвиваше како разговор помеѓу Драгана Младеновиќ и Фросина Крушкаровска.

Фестивалската вечер беше затворена со читање посветено на писателите Дубравка Угрешиќ и Давид Албахари, изведено од неколкумина македонски писател(к)и и уметници кои ги читаа омилените страници од Угрешиќ и Албахари, лауреати на фестивалот Друга приказна. Настанот го водеше писателот Живко Гроздановски. 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото