1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 05:59
На третиот ден (3-ти септември) од книжевниот фестивал Друга приказна програмата се пресели во културниот центар Бруталиск (старата Точка, на Илинденска 38).
Беа претставени три детски книги за попреченост: Јасминка Петровиќ - За копчето и среќата (книгата ја претстави Биљана Црвенковска); Зоран Кардула - Гуш и Бац; и Ирена Поповска - Цветната дружина. Јасминка Петровиќ се обрати преку видео, зборувајќи за конкретната книга, за книжевноста за деца и за активизмот во книжевноста. Разговорите ги водеше Никола Гелевски.
Во дворот на Бруталиск потоа следеше проекција на три филма за попреченост: Марија Апчевска - Беласица; Маја Младеновска - Роза; Тежок андерграунд (Нови Сад) во продукција на Марко Жвака, Душан Чавиќ, Душан Шапоња. Разговорот со режисерката Маја Младеновска го водеше Васко Маглешев.
Вечерта и фестивалот ја затвори изложбата Гоблени-гребаници на Тома Димовски.