1015 hPa
73 %
18 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 13:06
Некој под земи, далеку, се кикоти,
Како да ја прекрил устата со дланка.
Блаже Конески, „Стерна“
Она што нѐ опкружува не е наше,
имот е на нестројниот хаос,
го чека тој вистинското време
додека дреме во секојдневјето
и на штурецот ја слуша свирката,
подоко ги гледа мравите што влечат
ѕвездени зрна во амбарите
завиeни со бубаќерен молк
дури не нарасне најмилата му сестра,
нескротливата безумница, стерната.