Арка

18.09.2023 08:49

Замисли беспрекорна арка за пат
на тих океан разреден речиси докрај,
арка што е посовршена од онаа на Ное,
која пловела низ разгневени води.
Замисли арка со необичен облик:
сфера што плови вртејќи се околу себе
по невидлива врвица исцртана од ѕвезда,
арка што без оркестар танцува со еóни.
Нејзиниот пристан е во самата неа,
целосно предадена на незапирниот танц,
на променливите мени на денот и ноќта,
на будењето од сон на заспаните сезони.
Замисли арка со раскошни бои
со води што клокотат, со живот што буи,
арка и земја на која се раѓа и умира,
на која сте ти, и сите твои.
Замисли само колку е убав
тој фантастичен а остварен сон!

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото