Oркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика

18.09.2023 11:22
Oркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика

Во четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот Денови на македонската музика, на кој како солисти ќе настапат пијанистката Маја Кастратовиќ, флејтиската Златка Митева и обоистот Владимир Лазаревски.

Диригент е Бисера Чадловска, а на програмата се „Пасакаља на тема од Божидар Апих“ од Томислав Зографски, „Увертира“ за симфониски оркестар од Димче Николески, „Концерт ин 5“ за пијано и симфониски оркестар од Александар Лековски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски и „Стара песна“ – концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.

https://makfax.com.mk/

ОкоБоли главаВицФото