1016 hPa
76 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 07:59
на Билјана
Заталкани во син сон,
крај алеи од водни качунки,
низ нерамно поле
со пенливи перуники,
повлечени од силни струи,
под бисерниот камшик
чуновите и пливачите
беспоговорно легнуваат
на песочното дно.
Напуштени на брегот,
водните остатоци
издишуваат тихо
во вдлабнатинките
на песочниот штит,
крај скинати перјаници
од сиви и зелени алги,
крај мртвите тела
на сините сни
над кои згаснуваат
разнобојни еднодневки,
зафатени од бурата
во нашето катадневие,
од говорот наш,
ласен ем жолчен.