1021 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 20:59
Aмериканската истражувачка лабораторија OpenAI најави значително ажурирање на својот четбот ChatGPT кој ќе може да води разговори со корисниците.
Според информациите од веб-страницата на OpenAI, корисниците ќе можат да имаат активни разговори со ChatGPT, да бараат од четботот да му раскаже на семејството приказна пред спиење или да организираат дебата за време на вечерата.
OpenAI, исто така, известува дека воведува нова функција која му овозможува на ботот да одговори на барањата со слика. На пример, можете да направите слика од содржината на вашиот фрижидер и да побарате од ChatGPT да ви помогне да направите план за оброци користејќи ги состојките што ги имате. Покрај тоа, од компанијата изјавуваат дека можете да побарате од четботот да се фокусира на одреден дел од сликата со неговата „алатка за цртање“ во апликацијата.
Новите функции потсетуваат на виртуелниот асистент на Amazon – Alexa, или асистентот на Apple, Siri, пренесува Си-Ен-Ен.
Извор: https://edition.cnn.com/