1007 hPa
94 %
17 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 22:59
Сенка пред изворот на мастилото
Во ползавецот мастило
И горе високо мастило
Ѕвезди паѓаат во мастило
Од далечина се тркала мастило
На лицето ми сјае мастило
Овде помина војската на мастилото
Со топови полни мастило
Секое утро илјадници гулаби полетуваат од мастило
Аријадна лежи мртва
Широкиот фустан ѝ е исфлекан од мастило
На патот дете, на џбунот птица, полни со мастило
Сите патеки водат во мастило
Пејзажот е потопен во мастило
Грмушките немаат мир во изобилството од мастило
Ах, зошто не дувне мастило
Маслинарниците полни со мастило
Сенките ѕидаат мастило
Сите џвакаат месечина за да го умилат мастилото
Низ дупките на телото влегува мастило
На гумното мастило, коска стрчи од мастило
Тешко е да се каже колку има мастило
Врапци пијат мастило, лулето го полнам со мастило
Болката длабоко во мастило
Боже, боже, да не пресуши мастилото
Превод: П. В.
Раде Томиќ (Раде Томић, 1934–1985) бил поет и новинар.
Поезијата му е преведувана на француски, англиски, руски, унгарски, романски, словачки, македонски и албански јазик. Долго живеел во Франција и преведувал песни од современи француски поети, заедно со сопругата Миреј Робене.