Палевски беше со претседателите на Левица и ДПМНЕ на протестите со гилотини и молотови коктели
Кој мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата која сакаше да влезе во зградата на Владата, при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беа и тој Палевски што го спомнувате. Се сеќавате дека таму беше и претседателот на Левица. Се сеќавате дека таму беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќавате дека таму беа и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие кои цела година тоа го организираа.