Фестивал за европска литература „Bookstar” 2023

02.10.2023 08:33
Фестивал за европска литература „Bookstar” 2023

Десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од регионот, како и доделувањето на наградите „Драги” ќе го означат деветото издание на фестивалот за европска литература „BookStar” кој годинава се одржува од 2 до 4 октомври во Скопје.

„Фестивалот „BookStar” отсекогаш ни носел автори и дела кои ги предизвикуваат поставените наративи, идеи, предрасуди и status quo-то. Затоа, „BookStar” 2023 е повеќе од настан, тоа е инспирација за оние кои веруваат дека текстовите на денешнината поттикнуваат промени, нудејќи погледи на светот каде зборовите не се повеќе букви втиснати на хартија туку – повик за будење.
Оние што сакаат да го нарушат обичното и да ја прифатат својата исклучителност ги охрабруваме да поставуваат прашања, да ги оспоруваат претпоставките, да сугерираат промени и да ги допишуваат приказните што го обликуваат нашиот свет.

„Please do disturb“ ќе остави белег врз вас, потсетувајќи ве секогаш да пре-испитувате, прашувате, да се „вознемирувате“ и „замарате“ и да го држите запален пламенот на љубопитноста.

Прифатете го двобојот со неконвенционалните приказни каде што тивкиот бунт на авторите ќе се сретне со оние кои не се плашат да ги нарушат востановените светогледи. Придружи се и влези во европската литература како свет на можности и различности” – велат од организацијата на фестивалот.
Влезот на сите настани на фестивалот „BookStar” е бесплатен.
За дел од настаните во Кино „Фросина“ е обезбеден знаковен јазик и тие се обележани.

Во прилог погледнете ја програмата на фестивалот:

Програма на „BookStar” 2023:

2 октомври

14.00 – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Соопштување и доделување на наградите „Драги“ 2023
Поздравна реч на деканот на ФлФ, проф. д-р Владимир Мартиновски

Обраќање на добитниците на наградата
17.00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Ања Мугерли (Словенија)

18.00 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Стефан Хертманс (Белгија)

19.00 – Кино „Фросина“
Отворање на 8. Саем на европската литература
Презентација на книжарницата на тркала „Зборче“

Коктел и запознавање на гостите
19.30 – Кино „Фросина“

Отворање на фестивалот „BookStar“ 2023

Писателот говори – свечена реч на Лидија Димковска (Maкедонија)
Обраќање на Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија

Доделување на наградата „BookStar“ 2023 на Наџат ел Хачми (Шпанија) за романот „Во понеделник ќе нè сакаат“
20.00 – Кино „Фросина“

„Да се биде (поинаква) жена“
Разговор со авторката Наџат ел Хачми (Шпанија) – награда „BookStar“ 2023
Модератори: Александар Маџаровски и Ана Јовковска
21.00 – Кино „Фросина“

„За што да биде гласна регионалната книжевност?“
Разговор со авторите Драго Гламузина (Хрватска) и Бранко Росиќ (Србија)
Модератори: Александар Маџаровски и Иван Шопов

3 октомври

9.30 – Филолошки факултет „Блаже Конески“
Катедра за славистика
Средба со студентите и Луцие Фаулерова (Чешка)
10.00 – Филолошки факултет „Блаже Конески“
Библиотека за романски јазици и книжевности

Средба со студентите и Наџат ел Хачми (Шпанија)

9.30 – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
„Креирање одржливи партнерства помеѓу регионот и остатокот од Европа“ – прва fellowship конвенција на издавачи*
Учесници: Пламен Тотев (Бугарија), Ламија Милишиќ (Босна и Херцеговина), Драго Гламузина (Хрватска), Александар Шурбатовиќ (Србија), Ена Хасечиќ (Босна и Херцеговина), Жарко Кујунџиски (Македонија)
Модератор: Радмила Ванкоска
*Настанот е од затворен карактер.

12.00 – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Книжевно читање „Не ме замараш“ / “Please do disturb”

Странски учесници: Наџат ел Хачми (Шпанија), Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Александар Шурбатовиќ (Србија)
Домашни учесници: Влада Урошевиќ, Лидија Димковска, Јосип Коцев, Катерина Шошко, Давор Стојановски, Николина Андова-Шопова,
Анде Јанков, Симона Јованоска, Александар Русјаков
Водител: Ана Голејшка Џикова
16.00 – Џебно кино, МКЦ

„Како да се стане слемер?“

Креативна работилница со Франсис Кирпс (Луксембург)
17.00 – Џебно кино, МКЦ

Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ)
18.00 – Џебно кино, МКЦ

Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Франсис Кирпс (Луксембург)
19.00 – Кино „Фросина“

„Резервна татковина од нашето време“
Разговор со авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија)
Модератори: Александар Маџаровски и Билјана Црвенковска
20.00 – Кино „Фросина“

„Приказни што вознемируваат“
Разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) и Франсис Кирпс (Луксембург)
Модератори: Александар Маџаровски и Билјана Црвенковска

4 октомври

11.00 – Скопје
„Кога писател шета писатели“
Неформална тура на Васко Марковски

16.30 – Europe House – Скопје
(Не)возможен пар – автор и преведувач
Панел во контекст на „Создадено во Европа: Моќта на различноста“
Луцие Фаулерова (Чешка) и Маргарета Карајанова
Франсис Кирпс (Луксембург) и Ксенија Чочкова
Ања Мугерли (Словенија) и Давор Стојановски
Жарко Кујунџиски и Маријанџела Бјанкофиоре (Италија)
Модератор: Душко Крстевски
18.30 – Џебно кино, МКЦ

Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Наџат ел Хачми (Шпанија)
19.00 – Кино „Фросина“
„Во средиштето на животот“

Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија)
Модератори: Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова
20.00 – Кино „Фросина“

„Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“
Разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство)
Модератори: Јордан Коцевски и Анде Јанков
21.00 – Кино „Фросина“

Слем натпревар

Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перица Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади

ОкоБоли главаВицФото