
Над 11 илјади учесници од 53 држави настапија на годинашниот Скопски маратон. Рекреативци, професионалци, млади и стари, трчаа низ улиците на Скопје, натпреварувачки се во пет трки.
Прв патеката долга 42 километри ја мина Виктор Киплагат со време од 2:15:09 часа , што беше да речиси една минута побрзо од сонародникот Черот Лабан (2:16:03).
Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски имаше за речиси 3.минути послабо време (2:19:08) и заврши како трето рангиран. Сепак тоа беше доволно да биде прв на државното, македонско првенство, кое се трчаше токму на оваа трка.
И во женска конкуренција доминација на кениските атлетичарки.
Рутке Нисто Матебо во последните 500 метри успеа да ја мине сонародничката Кипкебој која во најголемиот дел од трката беше прва.
Сепак 18-годишната Кипкебој мораше да се задоволи со второто место, зад сонародничката која истрча време 2.44.17 часа.
Покрај маратонска и полу маратонска трка, учесниците се се натпреваруваа на 5 километарската – хуманитарна трка, детскиот мини маратон и „Team Building“ трка.