1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Мислев ќе се опијаниме Но не се опијанивме
Мислев ќе ги најдеме изминатите денови Но не ги најдовме
Мислев ќе бидеме радосни Но не бевме радосни
Мислев ќе се сетиме Но не се сетивме
Мислев ќе тргнеме Но не тргнавме
Постојат некои градови ноќе Но не ги најдов
Постои тага Но не бев тажен
Постои некој крик тивок и глув Но останал далеку
Ариите мислеа дека можам да ги слушнам Но беа само некаков мал плач
Имаше некоја желба Но дојде само никаде ништо нигде
Превод: П. В.
Миливој Славичек (Milivoj Slaviček, 1929-2012) бил хрватски книжевник и преведувач. Пишувал песни, есеи, критики, коментари и новински статии. Работел и како библиотекар и аквизитер, а предавал во средно училиште.