
Една мрачна ноќ, кога зимски ветри
Прозорци тресеа и опсипаа стакла,
Кога несоница ми измачуваше душа,
Старата завеса наеднаш се повлече:
И додека ужаснат привидение чекав
Низ прозорецот ѕирна некој млад, николкав,
Од доба далечна, светкав и синкав...
И тогаш завесата падна.
Кој беше тоа, не знам. Ниту кој тајната би ја знаел,
И зошто ноќта со нас се шегува така; ‒
Или ништо немаше, можеби; но јас
Потоа долго, долго, не знам зошто, јачев...
Блискиот ветар тогаш зафучи, зајакна,
Како да му се смее на човекот што јачи...
На човекот што јачи...
Превод: П. В.
Стеван П. Бешевиќ (Стеван Бешевић, 1868—1942) бил судски чиновник, адвокат, новинар, уредник на сатиричниот лист „Врач погађач“ и на илустрираниот детски весник „Наш лист“, конструктор и градител летечки модели.