1013 hPa
32 %

33 °C
Скопје - Вто, 15.07.2025 11:59
Денес, 9-ти октомври, во 18:00 часот во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи јубилејното 10-то доделување на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон”.
Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, ќе имате можност да го проследите обраќањето на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, како и претседателот на организациониот одбор на наградата „Вавилон”, Милан Дамјаноски.
Церемонијата ќе биде заокружена со проекција на краток документарен филм во чест на 80-годишнината од првиот училиштен час по македонски јазик.