Лисјето жолтее

09.10.2023 14:56

Коњите ја влечат колата а патот стои
А патот стои и неговата прашина се подига
Патот колата и коњите и сè друго не број ги
Само окото на минувачот пред патот намига
А патот ниту негде тргнал ниту негде стига
Само живецот мој низ прашината се дига

И бега ’ржењето коњско од уста а устата стои
А устата стои и капе крвава лига
Устата ржењето и бегањето и јазикот не се бројат
Само ушното тапанче отчукало
И разбрануван е празниот мев
И како да тргнал смев
Мртов
Смев

Коњите го влечат патот а колата стои
А колата со голема брзина вместо стои
И сè некако во песнава едвај се разбира
Само е јасно дека едните со другите не се бројат
И дека залудно на сликава паѓа руменина

Нека лисјето жолтее
Нека жолтее

 

Превод: П. В. 

Благоје Баковиќ (Благоје Баковић, 1957) е српски писател. Преведен е на 28 јазици. Застапен е во повеќе од 50 антологии на српската поезија. Негови песни има и во лектирите и читанките во Србија. Живее во Врбас.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото