Надреалистичко сценарио

14.10.2023 11:18

Надреалистичко сценарио: маж влегува
во катедрала. Гробна тишина. Сосем пред
олтарот клечи млада жена и се моли.
Наеднаш таа се врти. Човекот в миг во неа се вљубува.
Како во транс ѝ приоѓа. Неговите
чекори рамномерно удираат од времето. Жената
неподвижно го гледа. Нејзината убавина полека
бледнее, во лицето ѝ се врежуваат брчки.
Тој оди сè побрзо. Ритмот на чекорите нагло
забрзува. Жената очевидно старее.
Тој почнува да трча, одекнувањето на чекорите
поминува во рамномерен, речиси болен
безбоен звук. На жената ѝ паѓаат забите,
кожата огрубува, косата станува сосема бела.
Тој застанува од страв. Почнува да се повлекува.
Жената пак станува помлада, се враќа нејзината
претходна убавина. Тој одново почнува
да се приближува. Да се повлекува. Да се приближува.
Да се повлекува. Одеднаш решава. Бестрашно
ѝ приоѓа и ја фаќа
за рамото. Од лаците на катедралата се простираат
звуци на оргули. Луѓе се собираат,
пред олтарот застанува свештеник. Облечен во
црно.

Превод: П. В.

Алојз Ихан (Alojz Ihan, 1961) ‒ словенечки микробиолог и имунолог; поет и есеист. Тематски преокупации во поезијата на Ихан: политиката, науката, естетиката, еротизмот... На објективистички начин, користејќи раскажувачки техники, поетот во песните ги комбинира секојдневните животни сцени и настани со фантазија, бајки, библиски мотиви... Ихан ни прикажува живот кој не се состои од стабилни суштини, концепти, идеи и состојби, туку се создава со менување на односите, позициите, споредбите и сразмерите.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото