Меланхолично извезени пејзажи

18.10.23 13:10

Сесил Давидовичи го користи везот за да раскаже приказна за „неискажаната меланхолија, загубата и новите почетоци. Сместена некаде помеѓу филмот и сценичноста на везот, Сесил сега ги користи комплексните можности и техники на везот за да предизвика моќни емоции.

Кога починала мајката на уметницата Сесил Давидовичи од Париз, везот ѝ дал можност да ја пренасочи својата креативна енергија. Порасната во уметничко семејство, Сесил уште од млада возраст била ангажирана во креативните уметности. Студирала театар во Париз - градот на светлината, но била привлечена од њујоршкиот пламен кој ја предизвикал да се занимава со снимање филмови.

Таму напишала сценарија за неколку наградувани играни и кратки филмови. Но, кога нејзината мајка починала, почувствувала дека ѝ треба промена. „Сосема случајно зедов игла и некој конец и многу бргу везењето ми стана опсесија“, вели таа. „Создавањето уметнички дела кои што можам да ги допрам за мене значеше промена на играта“.

Нејзиното прво дело, насловено „1988”, ги содржи магливите спомени од детството на уметницата како што се прикажани во старите семејни видеа. Сцените се топли, сместени на памучните и ленените таписерии ивезени со неверојатни детали. Нејзиниот последен проект насловен „Ниту едно утро на светот не може да се врати” (Тous les matins du monde sont sans retour)  ја задржува сета таа топлина, но овој пат „раскажува приказна за неискажаната меланхолија, загубата и новите почетоци“, споделува таа.

Горчливо-слатките нијанси нагласуваат дека парчињата настанале случајно. Во тој контекст Сесил вели дека само по првите неколку потези таа полека сфатила дека „може да почувствува врска меѓу нив.“ И како што може да се види низ колекцијата, „силната врска помеѓу жените, она што се очекува од нив денес и природата“ станува сè појасна како идеја која носи одредено закотвување на нештата.

Во првиот проект, вештите раце на Сесил почнале да работат на поправка на нејзината меморија. Но, во Тous les matins du monde sont sans retour, таа гледа нанадвор. „Тоа е всушност моето прво дело каде што субјектот интензивно комуницира со природата на еден нежно носталгичен начин“, вели таа во врска со цвеќињата, облаците и длабоките сини океани со благи пролетни тонови кои можат да се видат низ делата. Секое парче е различно, како и секоја колекција. Но, во овој проект таа започнала со обични волнени и памучни конци. „Го сакам начинот на кој се создава нова текстура и ми дозволува да си играм со боите и движењето на еден поинаков, комплементарен начин“, вели таа.

Не е само темата што го разликува Тous les matins du monde sont sans retour од нејзината претходна работа. „Од чисто техничка гледна точка, почнав позадините да ги везам со филц волна“, забележува таа. „Чувствувам дека мојот стил на еден комплексен начин е поврзан со истражувањето на техниката“. Тоа е нејзиниот начин да вклучи „повеќе природа во делата со одредена дистанца, за да не ги преоптоварува бројките“, објаснува таа.

И практиката и содржината на Сесил ја испитуваат димензијата на предавањето што често се поврзува со природата. „Кога ќе почнам да везам, не размислувам за ништо друго и тоа е она што ми се допаѓа во оваа работа: везењето е медитативно“, објаснува таа. „Станува целосно инстинктивно, моите раце си го прават своето. Тие знаат повеќе за мојата работа и она што сакам да го пренесам отколку јас самата“.

Како и поголемиот дел од делата на Сесил, Тous les matins du monde sont sans retour е рефлективен и имагинарен, прикажувајќи го нашиот однос со природата со неверојатна искреност. Оваа колекција го одразува нашиот вроден капацитет за промени и се надеваме дека нуди одредена надеж за нов почеток.

Извор: https://www.itsnicethat.com/

ОкоБоли главаВицФото