Капут

25.10.2023 10:36

Капутот лежи. На патос.
Без капка крв во себе.
Капутот лежи. Уморен,
згрчен, отфрлен и црн.
- Капуте! Капуте! Капуте!
Мил брате! Стани! Стани!
Барем клекни крај твојот
Милан Ѓорѓевиќ!
Мил брату засипан
со снегови, дождови,
погрди, ласкања,
чувару на мојата самотија!
Стани! Стани!
Живти празните џебови,
ќе ги исполнам со моите шаки.
Со крилјата ќе првнам во тебе.
Живти зинатите ракави,
ќе ги пуштам измачените животинки,
моите раце, во тебе да ползат!
И капутот почна да дише,
ги отвори очите, затрепери,
го помрдна едниот ракав,
ги рашири крилјата, полета, заграка,
ме згрна со својот мрак.
И сега сум негова утроба.

Превод: П. В.

Милан Ѓорѓевиќ (Milan Đorđević, 1954) - поет, есеист, прозаист, преведувач... Добитник е на неколку значајни награди за поезија и преведен е на повеќе европски јазици. Преведува од словенечки и англиски јазик.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото