1023 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 10:59
Asmodeus (Димитар Кожухаров) е роден во Штип 1987 година. Завршил средно музичко училиште насока соло-пеење во родниот град и високо образование насока соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Работи во Македонската опера и балет.
Ви претставуваме мал избор од неговата поезија.
Нова страна
Да заборавиме на минатото,
на сите проблеми!
Да свртиме нова страна
во животот!
Но, зарем и најубавата книга
не е испечатена со црни букви?
Економичност
За да се создаде човек
се потребни двајца.
За да се убие човек е доволен еден.
За да се убијат луѓе е доволен еден.
Но сепак, за да се создаде човек
се потребни двајца.
Заблуда
Колку е тажно,
сакаш да кажеш А,
изговараш Б,
а всушност прозвучува Ц.
Но, ти си тажен,
затоа што сакаше да кажеш А,
но мислиш дека си изговорил Б,
а всушност прозвучува Ц.
Уметникот
Црвот го гризе сочното, црвено јаболко,
тој врвен уметник кој ја креира својата
слика во внатрешноста.
Дали некогаш би можеле да уживаме
без да ја изгризаме или разделиме
сликата на два дела.
Уметникот дури и пресечен на парчиња
продолжува да се бори
во устата на гледачот,
сè додека не биде целосно проголтан.
Колку платна би можело
да роди едно дрво?
Доволно за да се развива уметноста
во полза на неразвиениот и
бескорисен гледач.
Залутаната овца
Одејќи по патот видов овца.
Беше гладна и жедна,
а ни трева ниту вода во близина немаше.
Јас ја искачив на ридот и ја чував подолго време,
но таа реши да се врати кај овчарот
кој имаше цело стадо,
а јас ја имав само неа.
Највисокиот рид
Се искачив на највисокиот рид,
го видов она што никој не можеше да го види.
Се слизнав и се стркалав надолу.
Никој не ме праша што сум видел,
туку како сум паднал.
ajde bravo za novorodenite
Испратено на 15 февруари 2011 од книжевникajde bravo za novorodenite nadezi :)
Prekrasno!!! Cestitki za
Испратено на 15 февруари 2011 од KatePrekrasno!!! Cestitki za objavuvanjeto i ocekuvam uste pesni da ti bidat objaveni tuka! Pozz
Што виде? :)
Испратено на 15 февруари 2011 од Никола ПчинскиШто виде? :)
Noviot poet e
Испратено на 15 февруари 2011 од Natasa TNoviot poet e roden:)))Bravo:)))