„Помеѓу простори: Патување низ непознатото” – изложба на фотографии на Еџе Али

06.11.2023 10:55
„Помеѓу простори: Патување низ непознатото” – изложба на фотографии на Еџе Али

На 8 ноември во 19 часот, на Улица Црногорска 65 во Ѓорче Петров,  ќе биде отворена изложбата на фотографии, „Помеѓу простори: Патување низ непознатото” | In - Between Spaces: A Journey Through Unknown на Еџе Али. Кураторка на изложбата е Мелиса Кезмес.

Авторката на оваа изложба сама го одредува просторот. Тоа не е некоја галерија во која сме навикнале да гледаме уметнички дела. Просторот за нас е сосема непознат. Мистичен. На ивицата на градот. Тука почнува нашето патување низ непознатото.

Домот каде е?

„Можеби пред сè, пред сите куќи, домот е шупливо дрво во кое се слеваше и исполнуваше детството. Еден ден кога си рековте веројатно можам да заминам од тука, искачувајќи се преку работ излеговте од него, додека во стомакот како змија се витка прашањето што има на крајот од шумата, првото место кое го напуштивте без да размислите за враќање.

Следно е пат. Долг пат. Претежно закривен, понекогаш угорнина, понекогаш удолница, понекогаш камена, понекогаш по водениот раб нежно тече, понекогаш се качува по стрмна карпа. Патот станува сè подолг, а не пократок како што се очекуваше, домот каде сте родени и пораснати, слатка мека лушпа со розови точки, нежен ќош, додека се собира зад вас, нешто се менува во вас, нешто ви се случува, се случуваат работи кои те прават поинаква личност, тогаш за миг во раскошот на животот, како изнемоштенс свеќа, точно во средина на срцето се разгорува копнежот.

Момент! Ви недостига домот? Дали навистина копнеете по вашиот дом? Или по минатото? По себеси од пред да се случат нештата што те променија? Пријателите? Семејството? Далечината те боли, те боли времето што како песок капнува. Овој пат боли безкоренитоста, оти твоите корени не можат да ја задржат почвата на местото од кое се оддалечи. Бесконечен растечки наплив помеѓу два простора. Болка која не се исцелува ниту со враќање, ниту со останување. Срцето стои некаде помеѓу. Можеби конечно престанува да бара дом и решава да стане дом за себе.

Еџе Али по долго патување со изложба се враќа во домот од детството. Овие дела, кои ја документираат преокупацијата на уметникот со прашањето на припадноста, борбата за егзистенција низ земјите и конфликтот да се биде далеку/враќајќи се дома, може да се прочитаат како кратки белешки од едно патување:
Начини за враќање дома или човекот не заборава... ” – стои во текстот за изложбата, на кураторката Мелиса Кезмес.

ОкоБоли главаВицФото