1019 hPa
51 %
16 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 15:59
На почетокот
не беа зборот
и звукот
туку сеќавањата
Светкаа само навечер
од разбрануваното ќебе на љубовниците
од кое искреа светулки
(некој од нив рече „те молам остави го светлото изгасено“)
а собата стана мрачно мочуриште со сјајни меки тела
осветлено небо на изгубени деца
кои не сакаат да го најдат патот за дома
утрото светулките потемнуваа
стуткани стари листови од света книга
обични крилести бубачки
смачкани на земја
затоа толку скинати крилца под ѓонот
и нешто упорно светка штом се затворат очите
на почетокот
беа сеќавањата
на крајот
заборавот