Доктор Стрејнџ или Никола Тесла?

13.11.23 14:39

Ви претставуваме интересно едукативно видео за Никола Тесла. Алатките кои се употребени се едноставни. Midjourney (генеративна вештачка интелигенција) за сликите и CapCut, бесплатна и лесна за користење програма за едитирање видеа.

Време е да почнеме да гледаме на вештачката интелигенција не како на непријател, туку како на сојузник во создавањето содржини, совладувањето вештини и пренесување на знаење.

Една од интересните нешта е што вештачката интелигенција го меша ликот на Никола Тесла со Доктор Стрејнџ од Марвел. Ова не е прв пат во историјата на медиумите и технологијата Тесла да биде поистоветен со налудничав научник или маѓепсник.

Се сеќавате на цртаниот филм „Супермен и лудиот научник“ од 1941 година? Во тој анимиран филм Тесла е претставен како луд научник кој сака да го искористи неговиот „смртоносен зрак“ да го уништи Метрополис.

Извор: https://arno.mk

Слични содржини

Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Наука / Око

ОкоБоли главаВицФото