Архитектонска работилница за деца: Музеите на Скопје

14.11.2023 09:32
Архитектонска работилница за деца: Музеите на Скопје

По повод четвртиот роденден на Europe House Скопје, како и 60 годишнината од скопскиот земјотрес, денес, 14 ноември, од 17 до 20 часот ќе се одржи Архитектонска работилница за деца: Музеите на Скопје.

Четирите значајни скопски музеи, - Музеј на град Скопје, Даут-пашин амам, Музеј на современата уметност и Музеј на Македонија, ќе бидат предмет на работилницата.

Работилницата е наменета за 24 деца на возраст од 7-11 години, во 4 групи, кои ќе ги водат архитектите Маргарита Поповска, Милка Черепналковска, Маја Доновски Лукаревска и Мартина Петковска.

Најпрво накратко ќе зборуваме за историјата и важноста на секој музеј поединечно, а потоа секоја група ќе работи на својот музеј, каде децата со разни техники - колажи, цртежи, макети и сл. ќе го прикажат своето решение на поставената задача.

Слични содржини

Јавни простори / Настан
Јавни простори / Европа / Уметност / Настан
Јавни простори / Балкан / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото