Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет

16.11.2023 10:55
Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет

Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вечер од 18 часот, во аулата на факултетот организира Книжевна вечер со Влада Урошевиќ – добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година.

Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе презентираат препеви на неколку странски јазици, соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет.

Академик Влада Урошевиќ годинава беше лауреат на поетскиот фестивал во Струга, а ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година, за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“.

Извор: https://www.vecer.press/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото