Безлично се познаваме

17.11.2023 14:32
Безлично се познаваме

 

 

да почнам пред да починам.

 

*

 

сезаме, соземи се.

 

*

 

често сум некултурен.


тоа кога сум природен.

 

*

 

она кога ќе најавиш дека ќе доцниш десет минути, па

задоцнуваш дваесет, со што пак доцниш десет минути.

 

*

 

ако ме заебеш, автоматски станувам заебан.

 

 

*


дали е жерар женет?

 

*

 

кај си ма ти!


те нема да ми пишеш дека ме нема.

 

*

 

чекам да не ми стигне мејл.

 

*

 

атерирам.


терам атери.

 

*

 

не треба треба.


треба или не треба?

 

*


не се идентификувам со ништо, освен со тоа дека со ништо
не се идентификувам. со тоа ептен се идентификувам.

 

*

 

тоа што сме неистомисленици не значи дека ќе се разбереме.

 

*

 

ја чита исус библијата и превртуе очи: леее, не реков вака, чоече.

 

*

 

голем е господ.


ќе го жениме.

 

*

 

безлично се познаваме.

 

 

*


страм. нешто помеѓу страв и срам.

 

*

 

патлиџаначе.


надувано патлиџанче.

 

*

 

штрк навлечен на бело?


силјан шмркот.

 

*

 

– какви ти се они ко пар?


– они? они ти се пар екселанс.

 

*

 

ми падна седмица.


ама не на лото.

 

*

 

„со помин да е!“


хераклит (535–475 пр.н.е.)

 


Стрип кадри: Digital Comics Museum

ОкоБоли главаВицФото