Време

22.11.2023 11:37

Ги затворам очите и ги прогласувам
Јули август и ноември за свои
Нинива и Вавилон
Јас сум кралица на Кошавата,
Киното во осум и театарот во три
Во Златниот дворец над Млечниот Пат
Те здогледав додека
Смуртено глодав коска од мамут
Оттогаш
Се капев во Нил гледајќи ги подножјето на пирамидите
И смарагдните ками на Турците
На еден досаден ручек во 1889.
Сите зборуваа за Мелиесовите филмови
Не знаејќи дека јас
Го градев Нотр Дам и
Избегнав големи сипаници и дизентерија
Во Граѓанската војна
Заспивајќи во Проперциевата градина
Сонував антилопи и ајкули
На Арктикот заглавена во мразот со екипажот од бродот
Се молев да ги преживеам мечката и оловото
За да можам пак да наздравувам
Со трубадурите викинзите лепрозните
И првите христијани
Во Кристалните и Вартоломејските ноќи
Велејќи му дека тоа нема да излезе на добро
На Шекспир
Во Поовото поткровје
Чекајќи ја гулабицата со порака
За нашата тајна средба
Во XXI век

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото