Гавранот Џими

23.11.2023 11:27
Гавранот Џими

Џими колва во машина за пишување.
Фотографија од колекцијата на јавна библиотека во Лос Анџелес.

Еден од најплодните холивудски актери има над шестотини актерски заслуги на свое име, иако можеби не сте ни слушнале за него. Сепак, ако сте љубители на стари црно-бели филмови од педесеттите, особено оние на Френк Капра, сигурно некогаш сте го виделе на екранот.Тој мистериозен актер е гавранот Џими.

Џими му припаѓал на холивудскиот тренер на животни, Карли Твифорд, кој наводно, во 1934 година го нашол бебето гавран прегладнето, во напуштено гнездо во пустината Мохаве. Тој ја посвоил младата птица и ја нарекол Џими.

Твифорд го тренирал Џими да прави разновидни трикови кои би го направиле корисен во филмовите. Гавраните се паметни суштества, така што на Твифорд и не му требало многу време да ја научи птицата како да пишува и отвора писма, да става монети во касички во облик на прасиња, да пали цигари итн. Џими можел дури и да вози минијатурен мотоцикл направен по нарачка специјално за него.

Џими можел да разбере неколку стотици англиски зборови. На оваа умна птица ѝ била потребна една недела да научи нов корисен збор, две недели ако зборот има два слога. Твифорд тврдел дека Џими може да ја изврши секоја задача која би можело да ја реши и осумгодишно дете.

Првиот филм на Џими е „Не можеш да го понесеш со себе” од 1938 година, на режисерот Френк Капра, каде што Џими игра улога на домашно милениче на ексцентричното семејство на Мартин Вандерхоф. На Капра толку многу му се допаднала птицата што оттогаш Џими се појавува на речиси секој следен филм што режисерот го снимил. Најзначајната улога на Џими би била во „Прекрасен живот” (1946), на Капра, каде што го игра гавранот на чичко Били. Џими, исто така, има прилично важна улога во „Арсен и стари чипки”(1944), каде што игра улога на гавран кој често ги посетува гробиштата.

Освен во филмовите на Френк Капра, Џими се појавува и во друи филмови. Се појавува во „Невестата дошла по пошта” (1941) во кој ја игра враната на Поп Толивер, а може да се види и во „Волшебникот од Оз” (1939). Џими има своја улога и во „Месечината над Мајами” (1941),„Син на Дракула”(1943), „Маѓепсана шума”(1945 ) и многу други филмови. Се знае дека Џими бил осигуран на 10.000 долари од страна на неговото студио „Метро-Голдвин-Мајер”.

Џими последен пат се појавува во филмот „Циркус со три ринга” во 1954 година. Две години подоцна, неговиот сопственик и тренер Твифорд починал, а по неговата смрт останало мистерија она што се случувало со славниот гавран Џими.

Извор:https://www.amusingplanet.com/

ОкоБоли главаВицФото