Нов век

24.11.2023 19:19

Се возевме со воз
И на некоја станица веќе не се разбудивме
Уште беше XX век

Баба ми умре во постела
Опкружена со внуците
На светлина од свеќа
Уште пред тоа

Дедо ти
Доживеа парадокс
Веќе седумдесет години беше мртов
Од Зидани Мост
Кога
Под неонските светла на лабораторијата
Земајќи примерок за анализа на крвта
Го прашале неговиот син
За татковото име

Не се умира
Само
Додека некаде трепери светло
На својата станица
Веќе не се будиш

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото