1026 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 16:59
Воената 1943 година, ја одбележуваат неколку крупни воени и политички победи на сојузниците во антифашистичката коалиција – капитулацијата на Италија на 9. септември 1943, сојузничкото освојување на африканскиот континент, како и контраофанзивата на Црвената армија на Источниот фронт. Овие настани имаат своја тежина и во окупирната Југославија, каде движењето на отпорот отелотворено во КПЈ и Титовите партизани започнуваат да ги поставуваат основите на идната југословенска држава.
Градот Јајце се наоѓа во централниот дел на Босна и Херцеговина, онаму каде што се спојуваат реките Плива и Врбас. Во Втората светска војна градот е ослободуван дури четири пати. За Денот на републиката е битен е вториот пат, Јајце е ослободено на 17 август 1943 година и затоа е решено второто заседание на АВНОЈ да се одржи таму. Во Домот на културата, под знамињата на тогашните сојузници САД, Велика Британија и СССР, како и југословенската тробојка со црвена ѕвезда петокрака во средината, Јосип Броз Тито има свој едночасовен реферат, по што следи расправа чиј краен производ ќе биде она што го знаеме како повоена Југославија.
Одлуки на АВНОЈ
Главните одлуки донесени на Второто заседание на АВНОЈ се:
Од редот на македонските револуционери, Димитар Влахов е именуван за потпретседател на АВНОЈ, а за членови: Методија Андонов Ченто, Михајло Апостолски и Владимир Поп Томов.
Прославувањето на 29. Ноември – Денот на републиката
Секоја година на Денот на републиката на Југословените им следуваа два неработни денови, кои најчесто се спојуваа во мини одмор со деновите од наредниот викенд. Прославувањето беше прифатено и како семејна прослава, ден кога се колеа свињи и прасиња кои завршуваа на празничната трпеза. На телевизките канали одеа партизански филмови.
Денес кога станувам пионер
Секоја година на Денот на републиката, првачињата во основните училишта пристапуваа во пионерската организација, на свеченост на која добиваа сина капа „титовка“ и црвена марама. Тогаш се даваше и најсвечената заклетва:
„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.
Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“
Распадот
Републиката се распадна во низа крвави воени судири, кои траеја една деценија. Југословените чие животно мото беше „братство и единство“ му дадоа простор на најпримитивниот национализам и се навратија на колежите од Втората светска војна, но со современо оружје. Беа воведени термините: геноцид, етничко чистење, масакр, бегалци…
Бројот на жртвите во војните за време на распадот на Југославија се проценува на 140.000. Бројот на бегалците e изразен во милиони.
Авнојска Југославија денес ќе полнеше 80 години. Но, не преживеа. Ја убија нејзините народи и народности исто онака како и што ја створија – пролевајќи реки крв.
Извор: Trn.mk