Трибина: „Детска книжевна продукција”

06.12.2023 08:09
Трибина: „Детска книжевна продукција”

Носител на проектот со работен наслов „Детска книжевна продукција” е Ана Јовковска (научен истражувач, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ, магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, писателка, ТВ-уредничка и специјалист за односи со јавност).

Говорници на трибината ќе бидат:

- проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска
- Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“
- Бистра Георгиева, авторка

Проектот е замислен како тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ со фокус на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата.

ОкоБоли главаВицФото