Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст“

06.12.2023 08:14
Трибина: „ Книжевната сцена во современиот културен контекст “

Денес (6 декември), со почеток во 12 часот во Салон Империјал 1, во Културно информативниот центар – Скопје, ќе се одржи Трибина: „Книжевната сцена во современиот културен контекст”

Модераторка на настанот е:

- Ана Јовковска, авторка, новинарка и културна истражувачка
Говорници на трибината ќе бидат:
- Петар Андоновски, автор
Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач
- Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“
- Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“

„Книжевната сцена во современиот културен контекст“ е дебата во организација на авторката, новинарка и културна истражувачка, Ана Јовковска во рамки на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на Културно Информативен Центар- Скопје, сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

Настанот е замислен како еден вид платформа за креативен дијалог и критичко размислување со современи македонски автори кои имаат значајна улога во креирањето на моменталните книжевни текови, културни теории и политички светогледи. На дебатата преку делата на авторите, всушност, ќе се адресираат важни општествени прашања: современите предизвици на книжевноста, културната продукција, уметноста, културните идентитети, медиумската култура и друго.

ОкоБоли главаВицФото